Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деновите на фудбалерот на репрезентацијата на Хрватска, Дејан Ловрен на „Енфилд“ се бројат.
Иако има договор со Ливерпул до летото 2021. година, медиумите на Островот се убедени дека Ловрен ќе го промени својот круг ова лето и веројатно ќе ја продолжи кариерата во Русија.
Се шпекулираше дека Рома „загриза“ за Ловрен, сега се шпекулира дека заминува во Зенит од Санкт Петербург, чии челници бараат партнер во одбраната за Бранислав Ивановиќ.
Русите се заинтересирани до тој степен што веќе контактирале со претставниците на Ливерпул со цел да се распрашаат за можен трансфер, а останува да се види дали ќе биде постигнат договор.
Ловрен дојде во Ливерпул уште во 2014. година од Саутемптон, а со „црвените“ во меѓувреме ја освои Лигата на шампионите, а пред некој ден англиската титула.
Тој претходно играше за Лион и Динамо.