Луд меч: По два гола за Бензема и Шеферовиќ, пенали и четвртфинале за Швајцарија 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Швајцарија славеше во дуелот против Франција по пенали и обезбеди четвртфинале на Европското првенство, каде што ќе се соочи против Шпанија.

Шеферовиќ им донесе водство на Швајцарците со гол во 15. минута, по што Родригез имаше можност за 2-0, но не го искористи пеналот.

Веднаш потоа следеше шок за Швајцарија откако Карим Бензема постигна два гола за целосен пресврт (2-1), а потоа Погба погоди и за водство од 3-1.

Во продолжение од средбата Швајцарија повторно се врати во игра со голот на Шеферовиќ, кој намали на 2-3, a потоа Гаврановиќ стрелаше за 3-3 и избори продолженија.

На пенал-рулетот подобра беше репрезентацијата на Швајцарија.