Луда ноќ во Истанбул: Болно реми на Јунајтед со Галатасарај (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед прокоцка триумф на гостувањето кај Галатасарај и си ги намали шансите за пласман во осминафинале на Лигата на шампиони (ЛШ).

Гарначо и Фернандеш стрелаа до 18. минута за водство од 2-0 на „ѓаволите“, по што Зијеш го изненади Онана од слободен удар

Мектоминеј погоди за 1-3, но потоа Зијеш повторно од слободен удар стрелаше за 2-3. Неколку минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Актуроглу со прекрасен гол за конечни 3-3.

„Ѓаволите“ имаа неколку шанси во финишот од мечот, но не успеаа да го совладаа Муслера.

Јунајтед е последен на табелата со четири бода, колку што има и Копенхаген, додека Галатасарај има пет бода.