Лука Јовиќ заработил скршеница, сезоната за него е готова


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Реал Мадрид во текот на денешниот ден ги извршија прегледите на играчите и тестирањата за коронавирусот пред враќањето на тренинзите.

Откако беше потврдено дека нема заразени со коронавирусот стигна потврда за повредата  на ЛукаЈовиќ.

Од „кралскиот клуб“во кратко соопштение потврдија дека српскиот фудбалер ја скршил коската на стапалото, повреда која бара пауза од шест недели.

„По прегледите извршени денес откриено е дека Лука Јовиќ има скршеница на петата на десната нога“ –стои во соопштението на Реал Мадрид.