Лукаку го чека пекол во Милано


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку ги налути навивачите на Интер, каде што претходно играше со многу успех, па тие му подготвуваат пекол на крајот на месецот.

Белгиецот во кариерата постигна 78 гола на 123 меча за „нераѕурите“, но преговорите со Јувентус ги разочараа навивачите на Интер.

Лукаку за навивачите е предавник и тие му подготвуваат непријателски пречек на мечот против Рома, кога фановите ќе користат 50.000 свирчиња при секој негов допир со топката.