Лукаку го пропушта натпреварот со Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер после слабото издание во првото коло против Славија Прага (1-1) утре гостува кај Барселона во најтешкото гостување оваа сезона, а Антонио Конте нема да може да смета на Лукаку, кој дојде ова лето од Манчестер Јунајтед.

„Лукаку не е овде. Имаше благ проблем на мускулот во квадрицепсот кој го носеше 10 дена“, објасни Конте.

„И понатаму го чуствуваше проблемот и тестовите беа негативни, но ние префериравме во секој случај да не ризикуваме.“.

Лукаку сепак би требало да биде спремен за дербито против Јуве во недела, но сега на сите им е во мисли натпреварот со Барса.

„Не можеме сега да мислиме на Јуве, па утре играме со Барса“, изјави Конте.