Лукаку открива детали за заминувањето од Челси


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Белгиската ѕвезда Ромелу Лукаку зад него има извонредна сезона со Скудетото освоено во дресот на Наполи. Сепак, во неодамнешно интервју ја сподели потресната приказна за последниот период во Челси.

По завршувањето на финалето на Лигата на шампионите против Интер, Лукаку се вратил во Лондон со цел да заземе место во првиот тим на клубот. Наместо да добие поддршка, наишол на студен прием од клубот.

„По финалето со Интер, се вратив во Челси и им реков дека сакам да останам и да се борам за своето место. Наместо поддршка, ме испратија да тренирам со резервниот состав. Потоа, одеднаш се појавија шпекулации во медиумите дека јас сум тој што сака да замине, што едноставно не беше точно. Не сакав да си одам – тие ме оттргнаа од тимот“, изјави Лукаку.

Фото: Принтскрин