Лукаку прави големо предавство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку не сака да се врати во Челси и бара решение за неговата иднина. Тој сака да остане во Интер, но калчолигашот не сака да го откупи неговиот договор.

„Газета дела Спорт“ објави дека Белгиецот идната сезона би можел да направи големо предавство кон Интер и да потпише за Милан.

Милан е сериозно заинтересиран за услугите на Лукаку и веќе почнал преговори со Челси за позајмица на една година со можност да го откупи неговиот договор.

Челси нема ништо против да го пушти Лукаку во Милан затоа што Маурицио Покетино сака нов напаѓач за неговата екипа.