Лукаку сака да се врати во Интер, но може само под еден услов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку сака да го напушти Челси и да се врати во Интер, каде што играше пред оваа сезона.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лукаку го известил Челси за неговата желба да си замине од клубот.

Репрезентативецот на Белгија има договор со Челси до 2026 година, а има голема плата, односно заработува околу 13-14 милиони евра.

Лукаку сака да се пресели на позајмица во Интер, но дури и Челси да се прифати, тој ќе мора да прифат помала плата за 50 отсто ако сака да игра за италијанскиот шампион.

Белгиецот испадна од форма оваа сезона и за Челси одигра 39 меча во сите конкуренции, а постигна само 12 голови.