Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортската јавност беше во шок откако Corriere Dello Sport го пушти во продажба новиот број на својот весник.
Угледниот италијански весник насловната страница ја посвети на дербито помеѓу Интер и Рома со шокантен и расистички наслов – „Black Friday“ бидејќи на фотографијата беа Ромелу Лукаку и Крис Смолинг.
И покрај тоа што уредникот на овој весник Иван Зазарони се обиде да објасни поради што е пуштен таквиот наслов во јавност, најверојатно не успеа. Голем број на критики пристигнаа на сметка на Corriere dello Sport, а сега се јави и Ромелу Лукаку.
Лукаку објави порака на социјалните медиуми и едноставно ни сам не можеше да верува што се случува.
„Место да се фокусираме на натпреварот помеѓу овие две екипи, Corriere dello Sport се појави со најглупавиот наслов кој досега го имам прочитано. Тие новинари, на таквиот начин ги охрабруваат сите оние кои се расисти. Наместо да се зборува за прекрасниот натпревар кој треба да се случи, ние сега зборуваме за ова. Едукацијата е клучот. Вие од Corriere dello Sport морате подобро да ја работите својата работа. Им се заблагодарувам на сите навивачи и други новинари кои дадоа поддршка. Се радувам за претстојниот натпревар. Форца Интер!“, објави Лукаку.