Лукаку се враќа во Челси: Секој негов гол чини 3,4 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку игра во очајна форма оваа сезона по враќањето во Интер, по што изгледа дека калчолигашот нема да го откупи неговиот договор.

Лукаку имаше проблеми со повреди, но и голем број пропуштени шанси и навивачите се разочарани од напаѓачот за кој Интер плаќа дури 24 милиони евра за двегодишна позајмица.

Според математиката, секој гол на Лукаку чини околу 3,4 милиони евра, а овој податок е загрижувачки и поради тоа Интер не сака да го откупи неговиот договор.

Лукаку претходно го засили Челси за 115 милиони евра, но не се прослави за време на неговиот престој во Лондон и затоа се врати во Интер на позајмица.