Лукаку со емотивна порака до Конте: Антонио, ти благодарам, ти должам многу!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Интер ја освои италијанската Серија А, но во следната сезона ќе бидат без тренерот Антонио Конте, кој ја прекина доминацијата на Јувентус.

Конте е разочаран затоа што клубот не сака да продолжи по патот кој му беше презентирам по пристигнувањето во Милано и поради тоа реши да си замине.

Клубот сака да го задржи, но бара од Конте да се согласи на продажба на дел од ѕвездите кои му го донесоа Скудетото.

Заминувањето на Конте посебно го погоди напаѓачот Ромелу Лукаку, кој испратил емотивна порака до тренерот.

„Ти благодарам Антонио. Ме промени како играч. Заедно дојдовме до важни победи. Мило ми е што ми бевте тренер. Ќе ја прифатам вашата одлука, ви должам многу“, кажал Лукаку.