Лукаку веќе му кажал на новиот тренер дали ќе остане во Интер!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку беше најдобар фудбалер на Интер минатата сезона и со неговите голови му помогна да го освои Скудетото и да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А.

Белгиецот во интервју за италијанските медиуми кажа дека разговарал со новиот тренер на Интер и му открил дека останува.

„Останувам. Веќе разговарав со човекот кој ќе стане наш тренер. Тоа беше позитивен разговор“, вели Лукаку.

Антонио Конте го напушти кормилото на Интер, а негова замена ќе биде Симоне Инзаги, кој го напушта тимот на Лацио.

Лукаку сезонава постигна 30 голови за Интер и заслужено беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А.