Лукаку вети, останува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромалу Лукаку не сака да го напушти Евертон, пренесоа англиските медиуми.

Фудбалерот на Евертон, Ромелу Лукаку, најверојатно ќе остане во дресот на Евертон и во оваа сезона.

Белгиецот, наводно, вети на Роналд Куман, новиот шеф на стручниот штаб, дека нема да го напушти клубот и дека нема да ја прифати понудата од Челси која ја има на маса.

Да потсетиме, за него беа заинтересирани Јувентус и Челси, но изгледа дека нема ништо од трансферот.

Во прилог на тоа оди и понудата за нов договор, можно е Лукаку да прима и преку 100 илјади фунти неделно.

Лукаку во минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, во целата сезона постигна 18 голови во лигата, односно 25 голови вкупно.