Лукаку во Интер игра како препороден, а споредбата со минатата сезона е најдобар доказ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку сезонава игра како препороден во дресот на Интер, откако не се покажа најдобро во претходните две години за Манчестер јунајтед.

По две години реши да замине во италијанската Серија А и да го облече дресот на „нераѕурите“, а тоа беше полн погодок за него. Најдобар доказ е и фактот дека во досегашниот дел од сезоната во лигата има постигнато исто толку голови колку за цела мината сезона во Јунајтед.

По вчерашните два гола против Џенова, Лукаку сега има 12 погодоци во Серија А. Интересно е што шест ги постигна со лева нога, четири со десна и два со глава, па покажа дека е опасен со сите оружја.

Лукаку во моментов е втор на листата со стрелци во италијанскиот шампионат и има пет гола помалку од првопласираниот Чиро Имобиле.