Магнус Карлсен освојувач на првиот елитен шаховски онлајн-турнир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првпат во историјата преку интернет беше одигран шаховски турнир меѓу осумте најдобри шахисти во светот. Норвежанецот Магнус Карлсен стана освојувач на првиот интернет турнир воисторијата.

Најдобриот шахист во финалето беше подобар од Хикару Накамура со 2,5:1,5. Првиот елитен турнир го организираше Карлсен, а спонзорите обезбедија награден фонд за сите учесници од 250.000 долари, додека Карлсен како победник ќе добие најмногу, т.е. 70.000 долари.

Карлсен во полуфиналето беше подобар од Лижен Дин со 2,5:1,5, додека Накамура победи против Фабијано Каруане со 4-2.

Турнирот беше замислен со осумте најдобро рангирани на листата, но Карлсен специјално го повика Накамура и тинејџерот од Иран, Алиреза Фиружа, кој го победи светскиот шампион на 15 април.