Махрез со вистинска мајсторија донесе победа на Манчестер Сити на „Гудисон Парк“ (Видео)

Екипата на Манчестер Сити се изнамачи но дојде до посакуваните три бода на тешкото гостување на „Гудисон Парк“ кај Евертон.

„Граѓаните“ славеа со 3:1  и останаа на втората позиција на табелата во ПРемиер лигата со пет бода заостанување зад Ливерпул.

Во 24. минута Габриел Жезус погоди за 1:0, но само десетина минути Калверт-Луин донесе израмнување.

Сити во продолжение тргна на победа, а бедемот го пробија во 71. минута кога Ријад Махрез постигна одличен погодок од слободен удар. До крајот на натпреварот и Рахим Стерлинг се запиша во листата на стрелците, па Сити славеше со конечни 3:1.