Мајк Тајсон на 54 години може да гласа за прв пат на избори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот боксер Мајк Тајсон за прв пат ќе има право на глас на изборите на 54-годишна возраст.

Актуелниот американски претседател Доланд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден ќе се соочат на изборите на 3. ноември и за прв пат својот глас ќе го даде Мајк Тајсон.

Тој претходно не беше во можност да гласа затоа што беше во затвор во 1992 година и неговото полициско досие го спречи во тоа. Сепак, сега тоа ќе може да го стори во државата Невада, која е една од неколкуте држави што им дозволува на поранешните осудени лица право на глас.

“Ова ќе биде прв пат да гласам. Мислев дека никогаш нема да го сторам тоа заради минатото. Горд сум што можам да го сторам тоа сега”, рече Тајсон.

На изборите во 2016. година, дури шест милиони луѓе не можеа да гласаат поради проблеми со законот од минатото.