Мајкл Џордан ги одбра најдобрите пет играчи на сите времиња


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Веројатно и најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан ја одбра најдобрата петорка на сите времиња.

Џордан се одлучи да ги селектира кошаркарите со кој и против кој играл во својата ера, но секако, тој спаѓа во тие пет.

„Можам само да зборувам за оние со кои сум играл и заради тоа ќе одберам кошаркари од моето време“, истакна Џордан а потоа го презентираше својот совршен тим.

На плеј-мејкер позицијата го стави Меџик Џонсон, на бек позицијата се стави себеси, а уште една легенда на Чикаго Булс, Скоти Пипен го стави на местото на ниското крило.

Најдобрата четворка е и легендарниот кошаркар на Лејкерси Џејмс Ворти, а на центар позицијата го постави Хаким Олајџувон.

Да се најдеа на паркетот во своите најдобри денови, против оваа екипа апсолутно никој би немал шанси.