Мајкл Овен: Што е генијално во тоа да ставите 11 фудбалери зад топка?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа го елиминираа европскиот шампион Ливерпул од Лигата на шампиони, а тоа тешко им падна на навивачите на клубот.

Сите се пожалија на тактиката, која тренерот на Атлетико, Диего Симеоне ја подготвил за мечот на „Енфилд“, но тоа него многу не го загрижи.

Ниту Мајкл Овен не беше фасциниран од начинот на игра на шпанскиот тим, па реши да се огласи на Твитер.

„Ве молам да ме поштедите од тие работи за неверојатна тактика на Симеоне. Па нема ништо генијално во распоредување на 11 фудбалери зад топка. Ливерпул го декласираше, но не се пласираа понатаму“, напиша Овен.