Мајсторија која не се гледа секој ден: Фантастичен гол од слободен удар од 40 метри! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вчера беше постигнат гол каков што не се гледа секој ден, а сигурно ќе го памети долго и неговиот стрелец. „Ремек-делото“ пристигнува од меч од австриска лига, а најубавиот момент се случил во 39. минута од средбата.

Стивен Хјуит од слободен удар од 40 метри го погоди голот на противникот, а ретко кој помисли дека фудбалерот може да  направи такво нешто, па во живиот ѕид беше поставен само еден фудбалер.

Противниците очекуваа некакво проигрување, но Хјуит реши да ги изненади и успеа во неговата намера. Освен што ударот беше силен, топката имаше таква траекторија, што целосно го збуни голманот.