Мајсторија на Барди од слободен удар (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна прекрасен гол за Трабзонспор во ремито против Мол Фехервар (2-2).

Трабзонспор водеше со голот од деветтата минута, но Мол Фехервар со два гола направи пресврт. Сепак, Барди донесе реми со прекрасен шут од слободен удар.

Барди минатата сезона за Трабзонспор постигна шест гола и беше еден од најдобрите поединци во тимот.