Мајсторија на Бензема за нова победа на Ал Итихад (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Францускиот голгетер Карим Бензема постигна гол и на вториот настап за Ал Итихад, откако на дебито со гол и асистенција учествуваше во победата против Есперанс.

Бензема прими добра топка, по што се сврте кон противничкиот гол и испрати одличен удар за да ја затресе мрежата на Сфаксиен (1-0).

Искусниот напаѓач го засили Ал Итихад пред еден месец како слободен играч, а со екипата од Саудиска Арабија потпиша договор на три години и ќе добива плата од 200 милиони евра по сезона.

Al Ittihad [1] – 0 CS Sfaxien / 2023 Arab Club Champions Cup / 2nd GS match (Group A) / 63’ Karim Benzema
by u/Elite_VRTX in soccer