Мајсторот за трансфери откри: Ситуацијата со Роналдо е – комплицирана!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо е подготвен да замине од Јувентус до крајот на преодниот рок, а негова желба била да се пресели во Манчестер сити, иако такво нешто во моментов е комплицирано.

Менаџерот на Португалецот, Жорж Мендеш го контактираше Сити и ги понуди услугите на својот клиент, сепак засега „граѓаните“ не покажуваат премногу интерес.

Јувентус бара 25 милиони евра или Габриел Жесус во замена за Роналдо, а Пеп Гвардиола не е подготвен да се откаже од Бразилецот.

Ситуацијата околу трансфер на Роналдо е комплицирана, а тоа го откри и мајсторот за трансфери и познат новинар Фабрицио Романо.

Засега најголема е веројатноста дека Роналдо ќе остане во Торино, но во следните денови би можел да се случи пресврт.