Мајсторски лоб на Анхел Ди Марија (Видео)

Аргентинскиот фудбалер од редовите на ПСЖ, Анхел Ди Марија игра одличен натпревар против Ница.

Ди Марија ги постигна двата гола за својот тим во првото полувреме на гостувањето кај Ница, а вториот беше вистинска мајсторија. Аргентинецот од косо го лобуваше противничкиот голман и ги собра аплаузите од гледалиштето…