Македонци и Хрвати се истепаа по натпревар во Австралија 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Рокдејл Илинден и Сиднеј јунајтед имаше и трето полувреме. Тоа се два клуба кои се создадени од македонски и хрватски жители, а овој пат конфликтот премина во тепачка.

Полицијата веднаш реагираше и уапси 10 навивачи, а неколку од нив беа пуштени откако дадоа изјава, додека службите бараат уште седум лица.

Во физичката пресметка навивачите користеа факели, метални шипки, а според некои извештаи дел од хулиганите имале и цигли.