Македонец ќе биде селектор на женскиот фудбалски тим на САД!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Њујорк Тајмс“ објави денеска дека Македонецот Влатко Андоновски ќе биде нов селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, кадешто ќе ја наследи Џил Елис.

И пред неколку недели Андоновски се поврзуваше со тренерската клупа на САД, а очигледно по најновите информации на „Њујорк Тајмс“ веќе е постигнат договор меѓу двете страни, па само се очекува официјална потврда..

Македонскиот тренер во претходните две сезони го тренираше Реин ФК, а во неговиот тим настапува Меган Рапино, која ја доби наградата од ФИФА за најдобра фудбалерка во светот.

Андоновски на клупата на САД ќе има за главна задача да избори пласман на Олимписките игри, кои ќе се одржат во Токио во 2020 година.