Македонецот Ристоски го освои петтиот трофеј со Ал Рајан

Поранешниот македонски одбојкарски селектор Жарко Ристоски го освои петтиот трофеј со Ал Рајан во последните две години.

Ристоски со својот тим го совлада Ал Араби во финалето со 3-0, откако претходно во полуфиналето со истиот резултат беше подобар од Катар спортс.

Ал Рајан пред еден месец беше најдобар и во првенството во Западна Азија, а неверојатен податок е и тоа што екипата на Ристоски имаше само еден пораз во текот на целата сезона.

Екипата на Ристоски минатата сезона ги освои Арапскиот клупски шампионат и првенството на Западна Азија.