Македонецот Волкановски повторно е шампион во УФЦ


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Во пет рунди преполни со возбуда и акција, Александар Волкановски го освои шампионскиот појас повторно, победувајќи го Диего Лопез.

Судиите едногласно ја донесоа одлуката во корист на борецот со македонско потекло: 48-47, 49-46, 49-46.

Откако Илија Топурија реши да премине во потешка категорија, првенството во перо категоријата остана празно, отворајќи му можност на Волкановски повторно да го освои врвот. Оваа шанса тој ја искористи.

Во интензивна борба против Лопез, Волкановски потврди зошто се смета за еден од најсилните борци во својата категорија.

Фото: UFC/Instagram