Македонија беше пред кам-бек, но Хаџи им носи радост на Романците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија има за што да жали на гостувањето кај Романија во првиот меч од квалификациите за Светското првенство (СП) затоа што загуби со 2-3, иако имаше голем број удари кон голот на домаќините.

Македонија имаше голем број шанси во текот на првото полувреме, но не искористи ниту една од нив, а тоа го казни Романија која погоди за 1-0 преку Танасе, по што Михаила со одличен шут од голема далечина зголеми на 2-0.

Во самата завршница од натпреварот се случуваше вистинско лудило, откако Македонија израмни на 2-2 преку головите на Адеми и Трајковски, но во 86. минута Хаџи ни ја скрати радоста откако погоди за 3-2 на Романија.