Македонија ги дозна ривалите во Лига на нации, Милевски најави напад на прво место!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на денешната ждрепка за Лигата на нации се падна во група со Ерменија, Фарски Острови и Латвија.

Селекторот на Македнија, Благоја Милевски кажа дека ќе се обидат со фудбалерите да го освојат првото место во групата.

„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме вистински пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5-0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 0-4. Фарски Острови и Латвија влегуваат со свои пресметки и очекувања“, кажа Милевски.

Првото коло е закажано од 5 до 7 септември.