Македонија го расплака европскиот шампион, но има мал скок на ранг-листата на ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација за жал не обезбеди место на Светското првенство (СП) во Катар, меѓутоа во полуфиналето на баражот го совлада европскиот првак Италија, а тоа ни носи скок од пет позиции на ранг-листата на ФИФА.

Македнија направи огромно чудо во Палермо, меѓутоа не забележа огромен напредок на ранг-листата поради новото ЕЛО-рангирање на ФИФА.

Фудбалските репрезентативци на најновата ранг-листа се наоѓа на 62. позиција со 1381,97 поени, односно 13,84 повеќе во однос на претходното рангирање.

Ова е далеку од нашиот најдобар ранкинг на оваа листа, кога во 2008 година бевме пласирани на одличното 46. место.