Македонија го скрши Лихтенштајн – четири гола во нивната мрежа и второ место во групата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија запиша нов триумф во групната фаза од квалификациите за Светското првенство во Катар, и тоа против Лихтенштајн со 4-0.

Чурлинов ја погоди пречката на домаќинот на стартот на натпреварот, а потоа по една погодена статива, Дарко Велковски успеа да реализира за 1-0.

Во вториот дел Адеми изнуди пенал, а Алиоски постигна гол за 2-0, додека во продолжение Николов стрелаше за 3-0, а Чурлинов во завршницата ги постави конечните 4-0.

Германија ја совлада Романија, додека Ерменија одигра реми против Исланд (1-1) и тоа ни дозволи да се искачиме на втората позиција со ист број на бодови со Ерменија, но имаме подобра гол-разлика.

Македонија следниот натпревар го игра на 11 октомври против Германија на Националната Арена „Тодор Проески“.

Фото: ФФМ