Македонија ја брка втората победа против Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалери вечерва од 20.45 часот ќе се соочат против Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Македонија ги почна квалификациите за победата од 2-1 против Малта, додека Украина загуби на гости кај Англија со 0-2.

Ова ќе биде шести натпревари меѓу двете репрезентации, а Македонија има еден триумф, едно реми и три порази.

Единствената победа на македонската репрезентација се случи во март 2004 година во Скопје на пријателски меч (1-0).