Македонија ја прегази и Литванија во квалификациите за СП


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската репрезентација денес запиша нова уште повисока победа од вчерашната. Литванките денес не можеа да бидат достоен противник на нашите девојки. Првиот дел беше нешто понеизвесен и тој заврши со предност за нашите ракометарки од 15:12.

Второто помина во наша доминација и како што одминуваше времето само ја зголемувавме предноста. На крајот го добивме натпреварот со 10 гола разлика (31:21).

И денес како и вчера најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска која постигна осум гола.

Со овој триумф ракометарките го обезбедија пласманот во баражот за Светското првенство кое ќе се игра во Шпанија и таму ќе се надеваме дека ќе не посака среќата и ќе добиеме нешто полесен противник.

Од овој турнир кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одиграме уште еден натпревар, утре против селекцијата на Грција.