Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде носител на една од групите од претквалификациите за наредното Светско првенство (СП).
ФИБА го одреди ранкингот на репрезентациите, а Македонија заедно со Летонија, Шведска и Црна Гора е меѓу носителите на ждрепката, која е закажан за утре во Берлин со почеток од 16.30 часот.
Тоа значи дека Македонија ќе ги одбегне топ-фаворитите за пласман во следниот круг, квалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.
На утрешната ждрепка ќе бидат извлечени четири групи од по три селекции, а натпреварите ќе се играат во август.