Македонија ќе ја започне мисијата за квалификации за СП 2026 во март

Денеска македонската фудбалска репрезентација ги дозна своите противници за квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи во 2026 година.

Заедно со ждрепката, вечерва беше објавен и официјалниот распоред на натпреварите.

Квалификациите Македонија ќе ги започне на 22 март, со натпревар против Лихтенштајн на гостински терен. Натпреварот е закажан во попладневниот термин во 15:00 часот.

По три дена, на 25 март, ќе се одржи првиот домашен натпревар на македонската репрезентација. Истиот ден ќе го пречека Велс на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20:45 часот.