Македонија пак загуби убедливо: Русија славеше со 12 голови разлика!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските ракометари го запишаа четвртиот пораз на Светското првенство во Египет, откако од нас беше подобра Русија со убедливи 32-20.

Руските ракометари тргнаа одлично и имаа предност од 6-1, која порасна до 10-3. Нашите ракометари за момент се разбудија, но потоа следеше нов пад и на полувреме имавме негатива од 9-19.

Ништо подобро не игравме ниту во второто полувреме, кога Русите без потешкотии ја завршија работата и триумфираа со 32-20.

Македонија последниот меч на Мундијалот го игра на 24 јануари од 15.30 часот против Белорусија.