Македонија само еднаш славеше против Романија, а херој беше – Ванче Шиков! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалери вечерва ги почнуваат квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар, а првиот ривал ќе ни биде Романија.

Натпреварот против Романија вечерва ќе се игра во Букурешт, а Македонија досега со нив имала пет натпревари, од кои еден пријателски меч.

Романците се подобри од Македонија, и тоа на четири средби, додека единствената победа за нашите фудбалери беше запишана во 2010 година со голот на Ванче Шиков.

1996: Македонија – Романија 0:3 (Квалификации СП)
1997: Романија – Македонија 4:2 (Квалификации СП)
2004: Романија – Македонија 2:1 (Квалификации СП)
2005: Македонија – Романија 1:2 (Квалификации СП)
2010: Романија – Македонија 0:1 (Пријателска)