Македонија се надева на СП: Брестовац ги повика Маркоски, Манасков и Стоилов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија има големи шанси на Светското првенство во Египет, а така размислува и селекторот Данило Брестовац, кој ги повика Дејан Манасков, Никола Маркоски и Стојанче Стоилов на подготовките.

и Гоце Георгиевски доби повик во репрезентацијата, но тој нема да може да настапи поради лошата физичка подготвеност, откако беше позитивен на ковид-19.

Најголема надеж дека Македонија ќе настапи на СП е ситуацијата со репрезентацијата на Чешка. Оваа репрезентација имаше 10 позитивни случаи. Целата селекција сега е во карантин. Дека ситуацијата со Чешка е тешка потврди и директорот на репрезентацијата.

„Дека ќе останаме изолирани до СП тоа е веќе реалност. Нема да биде воопшто лесно без да тренираме. Идејата дека нема да одиме на СП сигурно е веќе во главата на ракометарите, навистина сме во лоша ситуација“, кажа Даниел Чурда.

Ако испадне Чешка, тогаш ние ќе влеземе во групата со Египет, Чиле и Шведска.