Македонија си договори уште еден контролен меч пред ЕП


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација летово за првпат ќе настапи на Европското првенство (ЕП), а тренинг-кампот ќе почне од среда.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски ги избра фудбалерите на кои ќе смета на ЕП, а на списокот се наоаѓаат 26 играчи, од кои најголем дел се тие кои ја однесоа Македонија на големиот турнир.

Македонија најпрво ќе тестира против Словенија на 1 јуни, а три дена подоцна ќе се пресмета и против Казахстан.

Потоа македонските репрезентативци заминуваат за Букурешт, каде што ги играат дуелите против Австрија на 13 јуни и Украина на 17 јуни, додека на 21 јуни ќе се соочи со Холандија во Амстердам.