Македонија во последна секунда се спаси против Израел ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес го одигра натпреварот против Израел во рамките од квалификациите за Европското првенство. Mомците на Милевски не беа на нивото од претходниот натпревар против Казахстан па се спасија од пораз буквално во последната секунда од мечот (1:1).

Во 20-та минута по еден корнер нашата одбрана не реагираше најдобро и Елиас ја затресе мрежата на Јанков. Во второто полувреме Израелците пропуштија и прилика од пенал да дојдат до поубедлива предност. Ние се заканивме на неколку пати, но изостануваа оние 100% шанси.

Во последната секунда од натпреварот Јани Атанасов постигна гол од слободен удар за израмнување и важен под на Македонија.

Македонија по ова реми останува на втората позиција со 14 бода, пред Израел кој има 12 бода.