Македонскиот репрезентативец Стојановски со прв гол во дресот на Ним

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Влатко Стојановски го постигна својот деби гол во дресот на Ним.

Стојановски за прв пат беше стартер по неговиот трансфер во Ним на куп натпреварот против Ленс и успеа да се запише во листата на стрелците во финишот од натпреварот кога успеа да реализира удар од белата точка.

Неговиот тим победи со 3:0, а Стојановски беше креатор на последниот погодок. Интересно е тоа што пеналот замина да го шутира Бен Амар, но по сугестија на тренерот Стојановски ја зеде топката и не погреши од 11 метри.