Македонските фудбалери ќе добијат премија од ФФМ, иако загубија од Романија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација одигра солиден натпревар на гостувањето кај Романија, но за жал загуби со 2-3 од домаќинот.

Македонија за само две минути се врати од 0-2 до 2-2, но веднаш потоа Хаџи со погодок за Романците ги постави конечните 3-2.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да ги награди фудбалерите со премија од 40.000 евра, која доаѓа како резултат на добрата игра и мотив пред следните два меча против Лихтенштајн и Германија.

Натпреварот против Лихтенштајн е закажан за недела, а три подоцна треба да се пресметаме против Германија.