Малдини доби отказ: Навивачите бараат Кардинале да замине од Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан ја заврши сезоната на четврто место во Серија А, по што сите се надеваа дека летово ќе се изгради екипа која може да го нападне Скудетото, но така не мислел и газдата на клубот Гери Кардинале.

Паоло Малдини вчера имаше состанок со Кардинале на кој побарал повеќе пари за засилувања, но тој му кажал дека такво нешто нема да се случи и побарал од него да ги намалат трошоците.

Италијанските медиуми објавија дека Малдини добил отказ поради неговите барања, па заедно со Рики Масара ќе заминат од Милан, а тоа предизвика гнев кај навивачите на калчолигашот, кои побараа од Кардинале да го напушти тимот.