Малдини: Не треба да го заборавиме почетокот, првиот дуел во Бергамо го изгубивме со 0-5!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан славеше против Аталанта со 2-0 и така го освои второто место во Серија А и обезбеди пласман во Лигата на шампиони, каде што се враќа по долга пауза.

Директорот на Милан, Паоло Малдини по мечот зборуваше за пласманот на тимот во елитното натпреварување.

Милан очигледно нема да го менува ниту тренерот, па Стефано Пиоли ќе остане на кормилото и следната сезона.

„Заслуживме да победиме и да се пласираме во Лига на шампиони за која се боревме цела сезона. Ние сме најмладиот тим во Серија А. Никој не треба да се сомнева во квалитетите на Пиоли. Не треба да заборавиме од каде тргнавме. Загубивме со 0-5 во Бергамо, но сега ја победивме Аталанта“, вели Малдини.