Малдини нема да запре: Милан договори засилување од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан конечно постигна договор со Реал Мадрид за нова позајмица на Брахим Дијаз, кој ќе остане кај „росонерите“ до 2023 година, а потоа италијанскиот клуб ќе може да го откупи за 22 милиони евра.

Доколку Милан го купи, автоматски ќе биде вклучена и откупна клаузула за „кралевите“, кои ќе можат било кога да го откупат за 27 милиони евра.

Дијаз и минатата сезона беше на позајмица на „Сан Сиро“ и ги оправда очекувањата на управата на Милан.

Милан претходно ги откупи Фикајо Томори од Челси и Сандро Тонали од Бреша, а пристигнаа и Мик Мањан, Фоде Бало-Туре и Оливие Жиру.

„Росонерите“ работат и на други засилувања, а се очекува да пристигне и Влашиќ во екипата од Милано.