Малолетник доби доживотна забрана да ги посетува натпреварите на англиски Премиерлигаш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од англискиот клуб Борнмут се одлучија да му врачат жестока казна на млад, 17 годишен навивач поради расистички навреди кон играчи на противнички клуб.

Младиот навивач упатил расистички навреди кон фудбалерите на Тотенхем и затоа доби огромна казна од Борнмут, а доби казна и од англиската федерација која му забрани да посетува фудбалски натпревари во следните три години.

„Борнмут ја поздравува судската одлука за тригодишната забрана за посети на фудбалските стадиони на лицето кое  се наоѓаше во секторот наменет за гостинските навивачи за време на натпреварот против Тотенхем .Тоа лице, кое ние одбиваме да го наречеме навивач, доживотно добива збрана да дојде на нашиот стадион“ –објави англискиот клуб.