Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Шпанскиот голман Давид Де Хеа го продолжи денеска договорот со раководството на Фјорентина, соопшти италијанскиот клуб.
Како што е објавено на веб-страницата на клубот, Де Хеа (34) потпиша договор со раководството на клубот до јуни 2028 година.
Шпанецот минатото лето се приклучи на “виолетовите” после една година пауза, бидејќи немаше клуб откако го напушти Манчестер Јунајтед, каде што беше од 2011 до 2023 година.
Едногодишната пауза не остави трага на Де Хеа, претходната сезона ја бранеше мрежата на Фјорентина на 34 од 38 натпревари во Серија А и седум пати во Лигата на конференции.
Фото: Принтскрин