Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поранешниот португалски репрезентативец Фабио Коентрао имаше пофални зборови за потегот на Манчестер јунајтед, кој го ангажира Рубен Аморим како нов тренер.
Аморим во понеделник седна на кормилото на „црвените ѓаволи“, а негово деби го очекува по репрезентативната пауза.
„Спортинг загуби важен човек, но јас сум среќен за Аморим. Манчестер јунајтед потпиша со најдобриот тренер во моментов. Знам дека Рубен беше посветен максимално во Спортинг“, кажа Коентрао.
„Ѓаволите“ следниот меч го играат против Ипсвич во Премиерлигата.